УМС на ВМРО-ДПМНЕ: СДС со ребалансот на буџетот скрати 1.5 милијарди денари од парите за образование

Од:

„СДС откако дојде на власт заборави ветувањата кои им ги даваше на студентите. СДС по само 40 дена на власт со ребалансот на буџетот скрати цели 1.5 милијарди денари од парите наменети за образование. Стотици милиони скрати наменети само за високото образование.

Стефан Богоев, Ивана Туфегџиќ, Зоран Заев, Рената Дескоска и другите од СДС за време на изборите ветуваа брда и долини за студентите, од типот на повисок студентски стандард, реновирање и изградба на студентски домови, изградба на студентски град кој ќе бил како хотел со 7 ѕвезди, додека пак деновиве сведоци сме како кратат над 155 милиони денари планирани за студентските домови.

Да не заборавиме дека откако СДС е на власт, освен укинување, деструкција, блокада и кратење, друго ништо конкретно не видовме како проект или план за реализација што треба на студентите да им донесе подобро утре.

Студентите и младите можат да го видат вистинското лице на СДС.

Студентите за жал се сведоци на луксузирања и набавка на скапи октоподи и морска храна која треба да ја јадат функционерите на СДС, а немаат пари за студентските домови и студентскиот стандард.

Ова е огромен шамар за студентите, кои за жал уште веднаш на свој грб ги чувствуваат таканаречените реформи кои им ги носи новата влада на СДС.

Со ова кратење на буџетот наменет за студентските домови, студентите нема да добијат подобри услови за живеење“, изјави Јован Јаулески, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ја труе цела Македонија – По седум градови, сега и Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид

СДСМ: По седум градови, Лепенец и Вардар – сега Рич и Белотино со загадена вода

СДСМ: Кој гарантира и кој потпиша дека водата во Гостивар е технички чиста?

СДСМ: Да се повлече законот за „Скопје 2028“, со него се легализира корупција и се заобиколуваат јавните набавки

Катерина Ѓуровски

Прескокнувањето системски закони е аларм за корупицја – Антикорупциска реагира за Законот за „Скопје 2028“

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Клековски денес призна и за жолтица во Гостивар– време е кривично да одговара

Горан Наумовски