Сообраќајот на државните патишта се одвива пo наместа влажни коловози, а на патните правци надвор од градските средини интензитетот е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Поголема внимателност е потребна низ клисурите и засеците, каде што е можна појава на одрони.
Од 1 јули годинава започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 31.08 на државните патишта во Република Македонија, со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Временските интервали се следни: петок : 17:00 – 22:00 часот, сабота : 09:00 – 18:00 часот и недела : 09:00 – 22:00 часот.