Улична анкета за свесноста за управување со отпад

Од:

На плоштад Македонија во Скопје денеска со почеток во 11 часот ќе се спроведе втора улична анкета во рамки на проектот „Подготовка на потребни документи за воспоставување интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагониски, Југозападен, Вардарски и Скопски регион“, финансиран од ЕУ.

Како продолжение на ваквата активност во декември лани, втората улична анкета има цел да ја воочи зголемената свест на граѓаните во однос на управувањето со отпадот и нивната информираност во врска со активностите на проектот.

Граѓаните ќе имаат можност повторно да го искажат своето мислење и своите ставови поврзани со управувањето со отпадот во нивниот регион.

Целта на проектот е да се постигне интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагонискиот, Југозападниот, Вардарскиот и Скопскиот регион и да се подобри животниот стандард на приближно 1.200.000 жители кои моментно годишно произведуваат 330.000 тони отпад.

Проектот вклучува 43 општини од четирите региони.

За време на проектот ќе бидат составени бројни студии и документи, како регионални планови за управување со отпад, стратешка оцена на животната средина, физибилити студии, анализи на трошоци, оцена на влијанието врз животната средина, основни проекти и помош при изработка на тендерска документација за договори за работа и набавки за изградба на избрани инсталации за третман и отстранување на отпад, затворање на нестандардни/диви депонии и набавка на опрема за собирање и претовар на отпад во согласност со стандардите на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Реакција на Општина Ѓорче Петров: Арсовска да не раскажува ловечки приказни, нека сработи нешто

Арсовска: Вработен во Ѓорче Петров имал дива депонија, општината била клиент, следуваат кривични пријави

Александар Тодески

Засадени 50.000 дрвја во Велешко, за две години 90.000 со акцијата за пошумување „Сончева Гора“

Откриен опасен отпад во близина на скопското село Орман

ЈП Дрисла: Градоначалниците на Кисела Вода и на Аеродром немаат договор со депонијата, каде го фрлале сметот досега?

A1on

Полицијата на отпад најде нецаринети возила со странско потекло