Украдени делови и оштетена мерна шахта на гостиварскиот водовод

Од:

Непознати лица украле делови и оштетиле уреди во мерна шахта од водоводната мрежа, која снабдува со вода за пиење четири гостиварски села.

Според СВР Тетово, непознати сторители извршиле провала и тешка кражба во мерна шахта, сопственост на Јавното претпријатие „Комуналец“, лоцирана во селото Мердита. Откако насилно ја отвориле шахтата, одзеле мерач-протоколер, а потоа на вентилот ја запреле водата во цевката од која се снабдува дел од Гостивар и селата Здуње, Дебреше, Долна и Горна Бањица.

Според директорот на ЈП Комуналец, Мемедали Џафери, освен материјалната штета која надминува 400 илјади денари, загрижува фактот што неодговорни лица, недозволено манипулираат со водоснабдителни објекти.

– Ова не е прв пат и тоа загрижува. Со последниов случај, жителите на четири села имаа проблем со водоснабдувањето се до санирање на дефектот. Очекуваме да бидат откриени сторителите, рече Џафери.

По пријавата во полиција, се работи на расветлување на сите поединости во врска со пријавената кражба.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски