Универзитетот „Св.Климент Охридски“ (УКЛО) во пресрет на денот на основањето на Битолскиот Универзитет – 25 април, еден ден претходно, на 24 април организира натпревар во ораторство „УКЛО ТРИВИУМ“.
Студентите ќе се натпреваруваат на тема „Јас сум студент. Имам право на избор за Европската Унија!“
– Најдобрите оратори ќе го претставуваат УКЛО на државниот натпревар, кој исто така се организира поводно, односно на 9 Мај, Денот на Европа. УКЛО ТРИВИУМ претставува можност студентите на УКЛО да ги продлабочуваат вештините за јавно говорење, аргументирано изразување и стилска инвентивност, посочуваат од УКЛО-Битола.