УКЛО објави конкурс за најдобар истражувачки труд и есеј

Од:

Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола објави Конкурс за најдобар истражувачки труд и есеј, на кој може да учествуваат студентите запишани на прв циклус студии во академската 2016/2017 година.

Од УКЛО-Битола информираат дека секој студент има право со посебни трудови и истовремено да конкурира и за истражувачки труд и за есеј.

– Конкурсот за есеј е тематски, посветен на екологијата и е со наслов „Повеќе внимание, ве молам! Студентите за зелена иднина, за нас се работи!“. Целта на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола е да промовира високи вредности и воедно, да ја поддржи кампањата на ЕУ за подигање на свеста во јавноста и нејзина сензибилизација при истакнување на важноста и одржувањето на чиста животна средина. Европската комисија во Република Македонија е коорганизатор на Конкурсот за најдобар есеј на УКЛО, информираат од секторот за односи со јавност на УКЛО-Битола.

Истражувачкиот труд се изработува по слободен избор и истиот може како и есејот да се пријави најдоцна до 31 октомври, посочуваат од УКЛО:

– Истражувачките трудови и есеите ќе ги оценуваат посебни комисии кои определуваат поблиски критериуми за вреднување на пристигнатите истражувачки трудови, односно есеите. За најдобрите есеи и најдобрите истражувачки трудови се доделуваaт плакети и одделно по три парични награди и за есеите и за истражувачките трудови, и тоа прва награда 20.000 денари, втора награда 15. 000 денари и трета награда 10.000 денари, потврдуваат од секторот за односи со јавност на УКЛО-Битола.

Би можело да ве интересира

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција