УКЛО објави конкурс за доделување стипендија од Фондацијата „Тома Фила“

Од:

Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола денеска го објави конкурсот за доделување стипендија од Фондацијата „Тома Фила“, која неодамна беше формирана во овој град.

Од УКЛО-Битола и Одборот на Фондацијата „Тома Фила“ информираат дека стипендијата во бруто износ од 10.000 денари, се доделува за стипендирање и подржување на еден талентиран студент на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, кој студира на Правен факултет – Кичево, дисперзирани студии во Битола, на втор циклус студии, со положени испити и прифатен наслов на тема на магистерски труд, со остварен просек од најмалку 8 на прв и на втор циклус студии.

– Стипендијата се доделува на студент со постојана адреса на живеење во општина Битола, за едногодишно стручно усовршување како адвокатски приправник, кај адвокат со регистрирано седиште на подрачјето на општина Битола. Стипендистот може да почне со користење на стипендијата најдоцна 6 месеци од денот на доделувањето на стипендијата, а по истекот на овој рок го губи правото на стипендија. Стипендистот, по едногодишното стручно усовршување како адвокатски приправник, не стекнува право на работен однос кај адвокатот кај којшто стручно се усовршувал, а и нема обврски кон истиот, појаснуваат од УКЛО и Фондацијата „Тома Фила“.

Кандидатите, студенти треба да ги достават потребните документи во наредните 15 дена на веб страниците на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и на Правниот факултет – Кичево, а изборот на студентот ќе се изврши во рок од 15 дена, по истекот на рокот за пријавување, информираат од УКЛО-Битола.

Би можело да ве интересира

Јубилеј во Битола – 80 години од првиот наставен час на современ македонски јазик

Сообраќајка во Битола, тешко повреден 52-годишен маж

Во Битола отворена изложба за Светскиот ден за едукација за заштита на животната средина

А1он

Два дена по ред Битола е најзагаден град во Македонија

Утринава најстудено во Битола -4 степени, најмногу снег на Попова Шапка

Инцидент во детска градинка во Битола