Укинати забраните за камиони кај Буково, Ѓавато и на патот Струга – ГП „Ќафасан“

Од:

Укинати се забраните за сообраќај на тешки товарни возила преку на патните правци Охрид – Ресен преку планинскиот премин Буково и Ресен – Битола преку планинскиот превој Ѓавато, како и на патот Струга – граничен премин Ќафасан, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Во сила се забраните за движење на камиони на патиштата крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево, преку планинскиот премин Стража, Кичево – Охрид, преку Пресека, патот Прилеп-Македонски Брод на планинскиот премин „Барбарос“ како и на патниот праевец Тетово – Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси, а за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема.

Би можело да ве интересира

Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крива Паланка

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Снег на повеќе патни правци, укината забраната за камиони на Пресека

На Алјаска падна повеќе од 2,6 метри снег, се урнаа покриви на згради

Слаб снег на Попова Шапка, Маврово, Плетвар и Ѓавато

Студен бран во Македонија и дел од регионот

А1он