Укината забраната за тешки товарни возила на Стража и на патот Маврово-Дебар

Од:

Забраната за тешки товарни возила на планинскиот премин Стража е укината во 10:15 часот, а во 12:00 часот на патниот правец Маврово – Дебар. Останува во сила забраната за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец Дебар – Струга.

Инаку, собраќајот на сите државни патишта во земјата се одвива во зимски услови, наместа со остатоци од снег по коловозите. Врнежи од слаб снег се бележат во северните, северозападните и југоисточните делови на државата. Поради ниските температури на повисоките места можна е појава на голомразица.

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, посебно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава