Укината забраната за тешки товарни возила на патот Маврово-Дебар и кај Ѓавато

Од:

Забраните за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – крак Маврово-Дебар и на планинскиот премин Ѓавато се укинати.

Доколу има нов бран на врнежи од снег во текот на денешниот ден на територија на Република Македонија, како што информираат од АМСМ, координативното тело на Министерството за транспорт и врски донесе нови мерки.

– Доколку снегот е со голем интензитет ќе се воведе забрана за движење на тешки товарни возила и автобуси на патните правци, особено на потегот од Гостивар кон Охрид и обратно, се вели во соопштението.

АМСМ ги советува граѓаните за задолжително поседување зимска опрема во моторните возила и доколку им се потребни информации за состојбата на регионалните и магистралните патни правци да не контактираат на 155 55, а доколку им е потребна помош на пат или шлепување да не контактираат на 196.
Сите граѓани кои имаат паметни телефони – достапна им е и АМСМ мобилна апликација и веб страната на www.amsmspi.mk.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава