Укината забраната за тешки товарни возила на патот Дебар – Струга

Од:

Забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Дебар – Струга е укината, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива во зимски услови, наместа со остатоци од снег по коловозите. Поради ниските температури на повисоките места можна е појава на голомразица.

Се препорачува исклучително внимателно возење на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава