Укината забраната за тешки товарни возила на Стража

Од:

Укината забраната за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Стража во 10:55 часот.

Според соопштението на Автомото сојузот на Македонија сообраќајот во Македонија се одвива во отежнати услови поради врнежите од снег и дожд. Забрана за движење на тешки товарни возила има на патниот правец Маврово-Дебар.

На сите останати магистрални и регионални патни правци низ државата сообраќајот се одвива забавено и по влажни колозови. Врнежи од снег има на сите планински превои.

На скопскиот аеродром Александар Велики досега се реализирани сите полетувања, а на охридскиот аеродром `Св. Апостол Павле` не се планирани летови, но оттаму информираат дека тој е отворен за сообраќај.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он