Укината забраната за камиони преку Стража и Пресека

Од:

Од 9:45 часот изутрина е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планински превој Стража, а на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека е укината во 09:50 часот, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Снежните врнежи што ја зафатија Македонија го отежнуваат сообраќајот на патиштата. Патниот правец Македонски Брод – с.Здуње на кој гравитираат 11 села, не е прооден за секаков вид сообраќај.

Сообраќајот на другите патишта низ државата се одвива тековно во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот.

Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат низ цела територија на Македонија.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонија Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува за македонската страна на премините.

Авионскиот и железничкиот сообраќај засега се одвиваат без застои.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он