Укината забраната за движење на тешки товарни возила

Од:

Од денеска е укината забраната за движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони. За камионите кои сообраќаа на патиштата низ државата од 1 јули беше ограничено движењето во викендите и во деновите со екстремно високи температури.

Камионите не смееја да се движат низ патиштата од 17 до 22 часот во петок, од 9 до 18 часот во сабота и од 9 до 22 часот во недела. Во деновите со екстремно високи температури забранaта важеше од понеделник до четврток од 11 до 17 часот.

До денеска важеше и ограничувањето за движење на тешки товарни возила над 7,5 тони на патните правци Гостивар – Охрид, Охрид – Ресен и Охрид – Свети Наум.

На подрачјето на Град Скопје уште денеска важи забраната за движење на тешки товарни возила во временски период од 10 до 20 часот, а веќе од утре се укинува оваа времена мерка.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он