Укинати се забраните за сообраќај на патниот правец Ресен – Прилеп и кај обиколницата на Битола. Сообраќајот е нормализиран за сите видови моторни возила.
Во нормални услови се одвива и сообраќајот на на патниот правец Скопје – Велес. Одронот е исчистен но од превентивни причини сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 500 метри, за што е поставена соодветна сообраќајна и светлосна сигнализација.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.
Извор: Мета