УКИМ: Почнавме постапка за утврдување текст за нов закон за високо образование

Од:

Универзитетот на транспарентен начин почна постапка со произнесување на сите членови на академската заедница преку внатрешните институти, катедри и наставно-научните совети на своите единици, да утврди текст кој ќе биде доставен до Министерството за образование и наука како надлежно за изготвување финален текст на закон кој ќе биде ставен во понатамошна процедура пред надлежните органи во Република Македонија – Владата и Собранието.

Ова го соопшти Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје одговарајќи на, како што наведува, зачестените реакции во јавноста поврзани со изготвувањето нов текст на закон за високото образование во кои се алудира на негово непринципиелно однесување.

– Универзитетот како одговорна, а пред сè како државотворна институција, општествено е повикана да даде свој придонес со решенија што нудат современ пристап во високообразовната дејност и се општоприфатени во европскиот високообразовен простор. За волја на вистината треба да се истакне дека по случувањата кои ја разбрануваа академската заедница во врска со некои законски решенија предвидени со измените и дополнувањата на Законот за високото образование од пред две години, беше формирана работна група на Универзитетот која имаше задача да подготви нов текст на закон за високото образование, но таа работна група не понуди и не достави официјален текст на закон до органите и телата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, соопшти УКИМ.

Би можело да ве интересира

Затворени се 26 рурални училишта, во основно образование има 200, а во средно 100 паралелки помалку

Катерина Ѓуровски

Пријавување за студии на УКИМ, слободни над 8800 места

УКИМ го објави конкурсот за запишување студенти во прв циклус во учебната 2026/2027 година

Биљана Ангелова резбрана за ректорка на УКИМ

Горан Наумовски

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

ФИНКИ ќе ги добие двете недовршени згради кај Ректоратот на УКИМ

Катерина Ѓуровски