УЈП: Почна исплатата на „Мој ДДВ“ за четвртото тримесечје од 2025 година

Од:

Почна исплатата на средства од „Мој ДДВ“ за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025 година, информира Управата за јавни приходи (УЈП). Како што посочуваат од УЈП, за четвртиот квартал од 2025 година ќе бидат исплатени вкупно 924,5 милиони денари кон 526.123 корисници на апликацијата „Мој ДДВ“.

– До денес реализирани се 184,5 милиони денари кон 104.000 корисници на апликацијата „Мој ДДВ“. Исплатата на средствата продолжува, како се обработуваат налозите, така се исплаќаат средствата на сметките на корисниците на „Мој ДДВ“, велат од УЈП.

Од УЈП напомeнуваат дека во овој момент 5.292 корисници, кои скенирале фискални сметки, имаат внесено погрешна трансакциска сметка поради што не се во можност да ја реализираат исплатата.

– Доколку немате добиено средства, проверете ги и ажурирајте ги податоците за трансакциската сметка директно во апликацијата „Мој ДДВ“. На тој начин УЈП ќе има точни податоци за корисникот и ќе може да изврши исплата на поврат по основ на „Мој ДДВ“ – апелираат од Управата за јавни приходи.

Би можело да ве интересира

УЈП: Нулта толеранција за корупција, пресумпција на невиност за сите постапки

А1он

Финансиски криминал: 20 лица под истрага за штета од речиси пет милиони евра

Деветмина осомничени „заработија“ мерки на претпазливост по акцијата поврзана со УЈП

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Не се размислува за укинување на „Мој ДДВ“, вели министерката за финансии

Катерина Ѓуровски

Стартува пилот фазата за проектот е-фактура