УЈП: Мобилната апликација „МојДДВ“ во моментов работи со прекини

Од:

Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека мобилната апликација „МојДДВ“ во моментов работи со прекини. Тимот на УЈП интензивно работи на отстранување на проблемот, со цел апликацијата да биде целосно функционална.

„Ги информираме корисниците дека, согласно член 6 од Законот за враќање на дел од износот на ДДВ на физичките лица, фискалните сметки можат да се скенираат во рок од 10 дена од датумот на нивното издавање. Тоа значи дека сите сметки, кои се во рамки на овој рок, ќе можат да бидат скенирани веднаш штом апликацијата повторно биде ставена во функција. Ги молиме сите корисници за трпеливост и разбирање. Тимот на Управата за јавни приходи е целосно ангажиран и работи на надминување на техничките пречки“, велат од УЈП.

Би можело да ве интересира

УЈП: Нулта толеранција за корупција, пресумпција на невиност за сите постапки

А1он

Финансиски криминал: 20 лица под истрага за штета од речиси пет милиони евра

Деветмина осомничени „заработија“ мерки на претпазливост по акцијата поврзана со УЈП

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Стартува пилот фазата за проектот е-фактура

УЈП: Електронските услуги ќе бидат привремено недостапни до доцна попладне