УХРМ: Повеќе места во државата попладнево беа зафатени од невреме со пороен дожд и град

Од:

Повеќе места во државата попладнево беа зафатени од невреме со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Град имаше во светиниколското, кратковското, скопското, валандовското, велешкото и кавадаречкото подрачје.

Управата за хидрометеоролошки работи најавува и во вечерните часови наместа нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Преку ноќта се очекува стабилизирање на атмосферата над нашето подрачје.

Утре претпладне се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност, додека попладне на повеќе места повторно ќе има нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град. Минималните температури ќе се движат од 12 до 19 степени, а максималните од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе биде 7. Во Скопје слично време со температура од 17 до 31 степени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаотични сцени во Истанбул – патишта се уриваат, поројните води носат автомобили, поплавени се болници и метрото

А1он

Ноќеска дожд, утре променливо облачно и постудено, наместа ветер над 60 км/h

Денеска облачно со повремен локален дожд

(ВИДЕО) Силна бура зафати делови на САД: откажани стотици летови, илјадници без струја

Променливо облачно, со локален дожд

Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар