УХМР: Од ноќеска дожд и грмотевици, ќе наврнат над 50 литри на метар квадратен

Од:

Од ноќеска нашето подрачје ќе потпадне под влијание на циклонска активност и на серија од влажни бранови од запад, поради што ќе настапи значителна промена на времето, информира управата за хидрометеролошки работи.

„Денес во вечерашните и ноќните часови ќе има врнежи од дожд, со грмежи, претежно во западните и северните делови.

Утре и во среда ќе биде претежно облачно и свежо со врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Пголеми количини на воден талог ќе има во западните и јужните делови на земјата, каде се очекува да наврнат над 50 литри на метар кубен. Повремено ќе дува умерен до засилен ветер, претежно во северен правец. Температурата значително ќе опадне и во среда ќе биде најниска, во интервал од 16 до 22 степени.

И во скопската котлина ќе има почести врнежи од дожд, повремено интензивни и пад на температурата за околу 10 степени“, велат од УХМР.

Од УХМР препорачуваат внимателност при појава на електрични празнења. Велат да не се престојува на отворено и под осамени дрвја, како и да се преземат соодветни активности за заштита од поплави.

Би можело да ве интересира

Денеска облачно, кон крајот на денот дожд и снег

Дожд и снег наизменично, температурите продолжуваат да паѓаат

Европа на удар на бури, прекин на летови, возови и фериботови

Горан Наумовски

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава

Претпладне дожд, попладне снег

Снежно невреме во Романија, над 11.000 домаќинства останаа без струја

А1он