УХМР: Најмногу дожд во Тополчани, Крушево и во Прилеп

Од:

Најмногу дожд во изминатите 24 часа, до 8 часот утринава се наврнати во Тополчани – 30 литри на метар квадратен, потоа во Крушево – 17, Прилеп – 12, Берово – 6, Пожаране – 5, Скопје – Петровец – 4, Маврово – 3, Охрид, Битола и Ѓуриште по 2 и во Тетово и Скопје – Зајчев Рид по еден литар на метар квадратен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето денеска ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде повремено ќе бидат поројни и се очекува локално да наврнат околу 20 литри на квадратен метар дожд.

Врнежите ќе се задржат и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени.

Времето во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен дожд со променлив интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе биде до 17 степени, притисокот 987 хектопаскали, релативната влажност 90 проценти, а средната брзина на ветерот 2 метри во секунда.

Од УХМР, најавуваат дека утре претпладне ќе има повремен локален дожд со послаб интензитет, а попладне ќе настапи стабилизирање на времето. За време на викендот и во првите денови од следната седмица ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Би можело да ве интересира

Претпладне дожд, попладне снег

Попова Шапка под снег, дождови во Крушево, Охрид и Претор

Горан Наумовски

Студено утро, умерени дневни температури – дожд и снег на повисоките места

Денеска облачно со дожд и јужен ветер

Минусни температури наутро, дожд и снег попладне

Зголемено ниво на реките низ земјата, метеоролозите најавуваат дожд утре