(ВИДЕО) Угриновски: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се пазарат за притворените под менторство на Бејли

Од:

Срамните игри со пуштањето и притворањето на осомничените од 27 април, е договор помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, под менторство на американскиот амбасадор Џес Бејли, обвини Драган Угриновски, член на ИК на Единствена Македонија и претседател на „Тврдокорни“.

„Со овие игри на владејачката партија „Погреб за Македонија“, составена од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, целта е од Истражниот затвор Шутка да се пуштат сите оние за кои се заинтересирани во ВМРО-ДПМНЕ, а за возврат партијата да се врати во Собрание и да учествува во донесувањето на законите за разнебитување на Македонија“, рече Угриновски.

За настаните од 27 април од Единствена Македонија во Собранието беше поднесен предлог-закон за амнестија на притворените од „крвавиот“ четврток. Угриновски вели дека Единствена Македонија се залага за укинување на притворот на секое притворено лице, но силно го осудуваат селективниот договор на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за непристоен пазар, односно укинување на притворот на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, а за возврат враќање на оваа партија во Собранието.

„Граѓаните на 27 април во Собранието влегоа со силна верба дека го бранат уставниот поредок, а не да нападнат конкретни лица. Претходно беше создадена атмосфера дека е загрозен уставниот поредок“, рече Угриновски и додаде дека Претседателот Иванов при давањето на мандатот на Зоран Заев барал гаранции токму за она за што сега се водат постапки, за 27 април, со што тогаш и самиот претседател ја потврдил општествената опасност за уставниот поредок.

Претседателот на МПЗ „Тврдокорни“ вели дека членовите на здружението се разочарани од одлуката само на одредени лица да им се укинува притворот, додека пак вистинските патриоти да останат во затвор.

„Разочарани сме од валканата игра на ВМРО-ДПМНЕ која се пазари за укинување на притворот само за своите, а ги предаде уставобранителите кои и понатаму остануваат во занданите на Шутка. Ние од Единствена Македонија и МПЗ Тврдокорни остануваме со уставобранителите и како и досега продолжуваме со нашата помош за семејствата на притворените како и со битката за нивно ослободување, рече Угриновски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бојкоти и црни сценарија се одлика на ДПМНЕ

СДСМ: Нема откажување, повикуваме на мобилизација на сите прогресивни сили на 8 мај

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Михаилоски: Не попуштивме, застанавме цврсто против, чувајќи ја нашата демократија и нашиот мир

СДСМ: Учесниците на 27-ми април се насилници, а не уставобранители како што велат Силјановска и Мицкоски

Горан Наумовски

СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски