Угриноски: Општина Вевчани реализира девет клучни проекти за жителите

Од:

Во изминатите четири месеци општина Вевчани работи на девет клучни проекти, од кои пет се веќе завршени, а четири се во тек, информира денеска на прес-конференција градоначалникот Цветомир Угриноски.

Според него, завршена е изградбата на две канализациски линии, а детската градинка „Планински цвет“ во која претстојуваат над 60 дечиња, доби енергетски ефикасна фасада, нови врати и прозорци и сончеви колектори.

Во завршна фаза, како што нагласи градоначалникот, е изградбата на паркинг кај Изворите, односно се поставува урбаната опрема, канделабри, клупи за седење и хортикултурно се уредува просторот, а до крајот на месецот треба да бидат поставени и јавни тоалети.

– Добивме паркинг кој долго време го очекуваа граѓаните, но и туристите. Ќе овозможи подобар пристап до Изворите и посигурно паркирање. Ќе биде под 24 часовен видео надзор, а во негова близина ќе бидат и тоалетите, истакна Угриноски.

Во напредна фаза е и реализацијата на трите проекти финансирани преку ИПА фондовите за што беа одобрени 260.000 евра од Европсната унија.

– Половина од парите се издвоени за шеталиштето покрај Вевчанска река во должина од 750 метри, а другата половина за уредување на партерот околу училиштето и спортската сала и за обиколен пат околу градинката, спортската сала и училиштето, информира Вевчанскиот градоначалник.

Тој оцени дека неодамна изградената спортска сала дава резултати, редовно се одржуваат тренизни, а има и турнири. За идната година најави дека преку проектот на Агенцијата за млади и спорт ќе се гради повеќенаменско игралиште во вредност од околу 10 милиони денари. Со тоа, нагласи градоначалникот, ќе се заокружи проектот за образовен и спортско-рекреативен комплекс во кој се наоѓа основното училиштето, градинката, спортската сала, тениско игралиште, а ќе биде дополнет и со амфитеатар.

– Со тоа ни се исполни желбата на вевчанци да добиеме еден таков спортско-образовен комплекс кој ќе биде атрактивен, каде не само младите, туку и повозрасните ќе го поминуваат слободното време. Во склоп на комплексот се гради и амфитеатар каде децата ќе може да одржуваат приредби и настава, кога ќе дозволуваат временските услови, рече Угриноски.

За нареднот период најави реализација на, според него, две големи иневстиции меѓу кои е обиколницата во Вевчани, проект на Владата на Република Македонија кој деновиве треба да почне да се реализира и пат од околу 200 метри што ќе поврзува земјоделски површини и градежни парцели.

Градоначалникот потенцира дека Вевчани е неодминливо за туристите како во летниот период така и во останатите годишни времиња.

– Постои интерес од англиски тур-оператори, кои сакаат да носат поголеми тури, а пред неколку дена имавме и тур-оператори од Иран кои заминаа воодушевени од природната убавина, изворите, Јабланица, историјата за Вевчани, карневалот… Дополнителна атракција за туристите е единсветната активна воденица што се наоѓа во близина на Изворите од каде вевчанци, но и многу бројните гости купуваат пченкарно брашно, истакна Угриноски.

Би можело да ве интересира

Вевчанскиот карневал и годинава традиционално на 13 и 14 јануари

Обвинителството ги утврдува причините за смртта на седумесечното бебе од Вевчани

Почина седумесечно бебе во болница во Охрид: Паднало од кревет во домот во Вевчани

A1on

Во Вевчани: Маж со пушка пукал кон домашни миленици

Приведен вевчанец, пукал со пушка во домашни кучиња

СДСМ: Градоначалникот на Вевчани и ВМРО-ДПМНЕ се неспособни да поднесат навремена апликација за финансирање на Карневалот

Ана Ололовска