Угостители точеле алкохол на малолетници во Битола

Од:

Синоќа во периодот од 22.30-00.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Битола и Одделението за криминалистички работи на подрачје на Битола во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат спровеле акциска контрола во два угостителски објекти во Битола.

Притоа, било констатирано дека во двата објекти малолетници биле послужувани со алкохол за што ќе биде поднесена пријава по член 204 од Кривичниот законик, соопшти полицијата.

Во едниот објект била констатирана зголемена бучава и поднесено е барање за поведување на прекршочна постапка по член 8 од Законот за прекршоци против јавен ред и мир.

Исто така, во објектите биле констатирани и неправилности од Државниот пазарен инспекторат.

Би можело да ве интересира

Приведен е скопјанецот во чиј двор беа пронајдени четворица малолетници во бесознание

A1on

99 санкционирани возачи во Скопје, 28 под дејство на алкохол

21 возачи под дејство на алкохол на територија на СВР Скопје

Прилепски малолетници пиеле алкохол во угостителски објекти

Горан Наумовски

За карантинскиот викенд потрошено повеќе алкохол отколку за Нова година, редици пред секој дуќан

Маја Илиевска-Пачемска

За четири часа во Тетово и Гостивар откриени 21 возач под дејство на алкохол

А1он