УГД се вклучи во одбележувањето на Светската недела на италијанскиот јазик

Од:

Италијанскиот амбасадор во Македонија, Ернесто Масимино Белели,  денескабеше во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“, каде што оствари средба со наставничкиот кадар и студентите од  Катедрата за италијански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при УГД.

Причината за оваа посета е одбележувањето на Неделата на италијанскиот јазик,во која учество зеде и Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“, организирајќи пригодна свеченост и презентации изработени од страна на студентите со цел да се зголеми интересот за изучување на овој странски јазик.

ugd (2)

„Одбележувањето на Неделата на италијанскиот јазик беше повод за да се запознаеме со новиот амбасадор на Италија во Македонија, а меѓу другото и да ја продлабочиме нашата понатамошна соработка“ ,изјави деканката на Филолошкиот факултет при УГД, доц. д-р Јадранка Денкова.

Во знак на благодарност, Министерството за надворешни работи на Р. Италија го збогати книжниот фонд на Универзитетската библиотека „Гоце Делчев“ со неколку илјади книги од областа на лингвистиката, дидактиката и современата италијанска книжевност.

„Со самото тоа што на Универзитетот веќе е воведена  студентска програма за изучување на италијанскиот јазик, сметам дека во иднина соработката меѓу Универзитетот и нашата амбасада во Македонија сѐ повеќе ќе се продлабочува. Се надевам дека во иднина со помош на италијанската влада ќе обезбедиме лектор што ќе му бие на располагање на Универзитетот во Штип, се разбира доколку за тоа има интерес и од другата страна“, изјави амбасадорот на Италија во Македонија,Ернесто Масимино Белели.

Студиската програма за изучување на италијанскиот јазик на Штипскиот универзитет беше воведена во 2010 година, а интерес за нејзиното изучување досега пројавиле околу стотина студенти.

М.Р.

Би можело да ве интересира

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски