Удрил во пешак и избегал

Од:

Ноќеска во полициската станица во Гевгелија, од дежурен лекар од Итната помош било е пријавено дека на улицата „Дојранска“ во Богданци со тешки телесни повреди бил пронајден М.М.(40) кој бил донесен во болница за укажување лекарска помош.

Подоцна, во 3.20 часот во Полициската станица Гевгелија, Д.В.(37) од Богданци пријавил дека околу два часот на улицата „Дојранска“ во Богданци со своето патничко возило „фолксваген бора“ со гевгелиски регистарски ознаки удрил во пешак и го напуштил местото затоа што, како што пријавил, немал телефон да повика помош. Според пријавеното, откако нашол негов другар се јавиле на 194. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он