Удавеното момче најверојатно е од Македонија, полицијата се уште трага по идентитетот

Од:

Полициските екипи се уште се обидуваат да го откријат идентитетот на момчето кое денеска беше пронајдено во водите на Охридското Езеро.Како што дознаваме, момчето најверојатно е од Македонија.

Од она што е до сега познато е дека Се работи за машко лице од близу 25-годишна возраст, со кратка коса и висина од 180 сантиметри.

Во моментот на пронаоѓањето бил облечен во сини фармерки во кои имало еден клуч со црвен привезок, најк патики, бела кошула со долги ракави а под неа германски спортски дрес.

stefan-dimoski-Svr-ohrid

Она што можам посебно да го потенцирам во овој момент, се работи интензивно на идентификацијата на безживотното тело. Полициските службеници посветуваат максимално внимание на утврдување на идентитетот на удавеното лице. Исто така, можам да потенцирам дека не се забележани траги на насилство врз безживотното тело.

– До крајот на денот ќе биде извршена обдукција по барање на јавниот обвинител и верувам дека во понатамошниот тек на оперативната работа на полицијата ќе имаме повеќе информации кои што се поврзани со низа околности што претходеле на овој трагичен настан. По упатените апели, до овој момент информација за исчезнато лице не е добиена во СВР – Охрид – истакна на денешната прес – конференција портпаролот на СВР – Охрид, Стефан Димоски.

Телото утрово беше пронајдено во водите на Охридското Езеро, во близина на угостителские објекти во центарот на Охрид.

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски