Училишта од Струмица вклучени во Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието

Од:

Под мотото „Денешните млади се утрешните лидери“, на заедничка средба со претставници од пилот училишта од 9 општини, во рамките на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, од општина Струмица учество зедоа и претставници од основните општински училишта „Сандо Масев“, Маршал Тито“, Никола Вапцаров“ и „Маршал Тито“ од село Муртино и претставник од средното општинско училиште „Јане Сандански“.

Од тимот на Македонскиот центар за граѓанско образование од Скопје, присутните на средбата беа запознаени со трите взаемно меѓусебно поврзани компоненти: за зајакнување на меѓуетничката кохезија во образовниот систем, зајакнување на граѓанската култура и однесување кај младите на училишно и локално ниво и реновирање на училиштата, како стимул за активните училишта и заедници.

Беа презентирани и пакетот документи за аплицирање за мали грантови за заеднички ученички активности и иницијативи и пакетот документи за грантови за реновирање на училиштата, со утврдениот рок за аплицирање најдоцна до 27 декември оваа година.

Општина Струмица како и досега, активно ќе учествува во поддршката на овие активности, со финансиски и друг придонес за остварување на целта за подобрување на содржините од граѓанското образование, вештините и однесувањето и практиката на волонтерство на младите во училиштата и на локално ниво.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски