Училишните клупи празни, наставничките канцеларии преполни, велат од Левица

Од:

Ниту со весела математика не можат да се сокријат фрапантните бројки достапни на ДЗС, за намалувањето на бројот на учениците и зголемувањето на бројот на образовни (најчесто партиски) кадри во државните институции. Аналитичкиот тим на Левица направи компаративна анализа, за соодносот на наставен кадар, споредено со бројот на ученици во периодот помеѓу 2000 и 2023 година, тврдат од Левица.

“Од 2000 година до сега во Македонија има 67. 251 ученик помалку во основните училишта, показател на празнење на државата! Од друга страна, наставниот кадар расте, па така за истиот овој период, имаме 5516 вработени повеќе само во основното образование. Во оваа временска рамка, бројот на вработени е зголемен за 41%, а бројот на ученици се намалил за 27% во основните училишта! Само во последните 5 години, имаме речиси 6000 ученици помалку, од кои 2300 се првачиња.
Слично е и со средните училишта, односно, таму се запишале 25.883 ученици помалку, споредено за периодот од 2000 до 2023 година. За истиот тој период вработени се дури 1550 повеќе професори! Како партија цениме дека белата чума која што ја дивее во Македонија е донесена директно од штетните политики водени од ДПМНЕ, СДС и ДУИ, од независноста на државата до денес. Иселувањето на младите и загубата на огромен број ученици, во главно се мотивирани од социо-економските услови, но не помалку важно е да се напомене, дека важен мотив за намалувањето на бројот на ученици е самиот образовен систем. Држава, во која учебниците по историја се пишуваат во Бугарија, а по јазици на Косово, додека целосно каска зад образовните стандарди на ЕУ, на први септември е без учебници за сите ученици, не може да очекува поинакви резултати! Левица бара неодложна реформа во македонското образование, направена преку широка дебата и целосно вклучување на експертската јавност, наставниците и учениците, затоа што демографските карактеристики и (не)квалитетниот образовен систем бараат прилагодување на реалната состојба и длабоки промени“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Со ископот на мермер за Бехтел и Енка се загрозува населението и природата

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Левица: ДПМНЕ шверцерски протна две нови висококатници во Аеродром

(ВИДЕО) Реџеп Исмаил – Хактан: На царина и два директори се многу – власта воведува трет

(ВИДЕО) Апасиев: За секој клиентелистички закон крвта со памукче ќе ви ја пиеме