Училишен прибор и ранци за децата од загрозени семејства во Прилеп

Од:

Комисијата за образование при Општинската организација на СДСМ Прилеп, во текот на вчерашниот ден, организираше хуманитарна акција за набавка и донирање на ранци и школски прибор за децата од социјално загрозени семејства.

Во рамки на акцијата, на околу 30 деца им беа доделени нови училишни ранци и потребниот прибор за успешен почеток на учебната година.

11903375_1216887981670151_1677108812_n

„За жал, огромните социјални разлики кои ги создаде власта на Груевски и ВМРО -ДПМНЕ, доведе се’ поголем број на семејства да не можат да обезбедат ниту школски прибор за своите деца. Овие социјални проблеми, најмногу ги чувствуваат и погаѓаат децата.

Со ваквите хуманитарни активности, СДСМ става акцент на социјалните проблеми во општината, кои ќе бидат приоритет за решавање во периодот кој следи“, се вели во соопштението на СДСМ Прилеп.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски