Учесниците на протестот бараат оставка од министерот Спасовски

Од:

Учесниците на протестот пред Собрание, кој се одржува против промена на името, најавија кривична пријава против првиот човек на Бирото за јавна безбедност и побараа интерпелација за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски поради прекумерна упоребна на сила од страна на полицијата на протестите.

Извикувајќи „оставка, оставка“, тие упатија и барање до медиумите и новинарите да работат чесно.

„Јас сум една од многуте кои само поради љубовта кон татковината, станавме жртви на тенденциозно и насочено насилство од македонска полиција. Вистината се прошири во светот за прекумерната употреба на сила. Уште на почеток на нашата државност не можеа да поднесат сонце од Кутлеш, но не можеа да му забранат на сонцето да продолжи да не грее. На нас е да ги одбраниме достоинството, честа и иднината. Да ја одбраниме вистината, која сакаат да ја обезличат како Јуда за 30 сребреници. Мора да се обединиме и сплотиме за достоинствена иднина“, порача преку видео-порака актерката Арна Шијак.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите