ВИДЕО: Учениците од прво до трето одделение ќе одат во училиште, останатите ќе следат онлајн настава

Од:

Учениците од прво до трето одделение ќе почнат да одат во училиште, додека останатите ќе ја следат наставата онлајн, со два исклучоци, информираа на денешната прес-конференција министрите за здравство и за образование, Венко Филипче и Арбр Адеми.

Првиот исклучок е, доколку некој од родителите на децата од прво до трето одделение не се согласува, нивното дете ќе може да ја следи наставата и онлајн. Ова особено важи за децата кои имаат хронично болни родители.

„Кај децата од прво до трето одделение инциденцата е најмала, тие се асимптоматски и со лесна клиничка слика, покажаа нашите истражувања. Но, по барање на родителите овие деца ќе можат да ја следат наставата и онлајн. Во училниците не смее да има повеќе од 20 ученици, наставникот нема да смее да ја напушти училницата односно ќе биде присутен цело време, а нема да има контакти меѓу една и друга група на ученици“, рече Филипче.

Адеми соопшти дека по барање на одредени општини, ќе се разгледува одделно можноста и учениците од трето одделение па нагоре, наставата да ја следат физички.

„По барање на општините, а во согласност со епидемиолошката состојба, ќе се разгледуваат барањата за реализација на наставата со физичко присуство и за тоа ќе се одлучува накнадно, за секоја општина одделно“, рече Адеми.

Тој додаде дека ќе се доделуваат IT-уреди за децата од социјално загрозени семејства.

Оваа одлука е веќе усвоена од Владата и е конечна.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Крај на учебната година за средношколците, матурантите утре ќе полагаат втор екстерен испит

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември