Учениците од Лабуништа не дојдоа на настава во Струга

Од:

Поголем број на ученици од струшкото село Лабуништа денеска не отишле на настава во Струга, во средните училишта Нико Нестор и Ибраим Темо. Причина за неодењето на настава како што рекоа ученици од Лабуништа и нивните родители е поради страв од евентуално нови инциденти кои би се случиле, после инцидентите синоќа во Струга и на излезот од селото Враништа, а во кои беа инволвирани и тие.

Директорот на гимназијата Урим Крека за А1 потврди дека на настава не дошле одреден број на ученици и дека на наставнички колегиум ќе расправаат какви мерки и активности ќе превземат како училиште за да не дозволат нивни ученици да бидат вклучени во несакани активности.

„На настава денеска дојдоа одреден број на ученици од Лабуништа но со редовната автобуска линија од Лабуништа до Струга. Не дојдоа со ученичкиот автобус кој ги носи на училиште од страв да не се случи некој инцидент. Сметам дека повеќе нема да има инциденти и јас сум убеден дека тоа што се случи помина. Ќе имаме состанок со раководниот тим на кој ќе разговараме на кој начин да постапиме и што понатаму“, рече за А1 Крека.

Крека вели дека на настава дошле и ученици од останатите струшки села Октиси, Подгорци, Боровец, Велешта. Синоќа на излезот од селото Враништа каде живее етничко македонско население се случи инцидент во кој беа повредени и неколку граѓани. Низ струшката јавност се шпекулира дека една од причините за инцидентот синоќа било незадоволство поради победата на Зијадин Села за градоначалник на Струга.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Опожарена трска на струшкото крајбрежје

Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Александар Тодески

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Во Струга пронајдена почината жена

Автомобил излета од „Партизанска“ во Струга, тешко повреден е возачот

Горан Наумовски