Ученици и професори со заеднички настап ќе го одбележат патронот на струмичката гимназија

Од:

Ученици и професори од гимназијата „Јане Сандански“ од Струмица со заеднички настап и преку интересен музичко-сценски перформанс ќе го одбележат патрониот празник на училиштето на 23 овој месец.

– Дваесет и двајца професори и шеесетина ученици преку музика, песна и сценска игра ќе се навратат на минатото, ќе ги оживеат спомените, ќе и се радуваат на сегашноста, но и на светлата иднина на идните гимназијалци и економисти. Станува збор за мјузикл поврзан со сите наставни предмети и активности во училиштето од минатото до денес, информира професорката по музичка култура Анита Станковска, под чие раководство се одржуваат пробите.

На сцената во Центарот за култура „Антон Панов“ ќе настапи и пензионираната професорка по француски јазик Катерина Хаџиеленова.

Одбележувањето на патрониот празник на училиштето ќе заврши со премиерата на претставата „Трошка надеж“ на учениците од гимназијата.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски