Ученици од три села не стигнаа на настава во Струмица

Од:

Ученици од селата Рич, Попчево и Раборци денеска не стигнаа на настава во училиштето „Маршал Тито“ во Струмица бидејќи патот до овие села не е прооден поради снег.

Од општина Струмица информираат дека се прават напори со механизацијата да се исчисти патот до овие населени места.

Улиците во централното градско подрачје се оспособени за сообраќај. Според информации од ЈПКД „Комуналец“ улиците се чистат од синоќа, а на поголем дел од сообраќајниците е фрлено сол и ризла. Досега механизацијата поминала два пати по улиците.

Засега непроодни се улиците во повисокиот дел на градот. Од комуналното претпријатие апелираат до сопствениците на автомобилите да ги отстранат за да може механизацијата да помине таму и да го исчисти снегот.

Во Струмица од синоќа снегот интезивно врне и според податоци од Центарот за управување со кризи во Струмица се наталожиле 12 сантиметри. Сите регионални и магистрални патишта во Струмичко се проодни во зимски услови и апелираат до возачите на внимателно возење и поседување соодветна зимска опрема.

Би можело да ве интересира

Тепачка во Струмица, еден маж користел секира, полицијата уапси еден од насилниците, вториот е во бегство

13 години од големиот пожар над Струмица во кој загинаа четири лица

Почина човек во изгорен стан во зграда во Струмица

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ