Ученици од Општина Трбовље во посета на Валандово

Од:

Во петдневна посета на општина Валандово се наоѓаат ученици од словенечкиот град Трбовље. За нив денеска градоначалникот Перо Костадинов организираше прием.

Преку посетата, учениците од Словенија имаат можност да се запознаат со сите историски сегменти, околните природни убавини како и со предностите и особностите на Валандово.

Целта на посетата, велат од општината, е преку размена на млади да се зајакне и продлабочи поврзаноста меѓу двете општини како и да се воспостави поширока соработка од заеднички интерес која уште долго ќе опстојува и ќе ги поврзува Општините Валандово и Трбовље.

Гостите од Словенија во Валандово ќе престојуваат до 6 јули.

Би можело да ве интересира

Манифестација Меѓународен ден на задруги 2023 во Валандово

Никнува бугарски клуб во Валандово со претседател Македонец: Мислат дека сум се продал за пари

Орце Костов

Приведен маж кој се самозадоволувал на селски пат

Битиќи и Лукаревска на Бизнис форум во Валандово: Заедно се справуваме со предизвиците

А1он

(ВИДЕО) Заев: Костадинов е првиот потврден кандидат за градоначалник од СДСМ за Валандово

Мери Јордановска

Валандовец на Велигден силувал роднина од градот

Жарко Настоски