Ученици од Крижевци, Хрватска, зимуваат на Пониква

Од:

Десет ученици од основни училишта од Крижевци, Хрватска, зимскиот распуст го поминуваат во Спортско-рекреативниот центар Пониква на Осоговските Планини.

– На Пониква гостуваат најуспешните ученици од основните училишта од Крижевци. Зимувањето е овозможено од Општина Кочани и е резултат на соработката на двете збратимени општини Кочани и Крижевци. Станува збор за возвратна посета којашто се реализира по летувањето кое им беше овозможено за учениците на генерацијата од
Кочани, во Паг, Хрватска, изјави Голубинка Георгиева, раководителка на Одделнието за јавни дејности во Општина Кочани. 

Некои од гостите изјавија дека зимувалиштето Пониква им оставило убав впечаток, а снежната покривка им донела дополнително уживање и забава.  Претставниците од Општината на гостите им доделија симболични подароци од Кочани.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза