Малолетници вчера физички се пресметале во тетовско Теарце и во Скопје.
Како што информира МВР, 11-годишен ученик во дворот на ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Теарце вчера утрото во 9 часот без повод и причина физички бил нападнат од група ученици кои почнале да го удираат со тупаници и клоци по целото тело.
По преземени мерки полицијата идентификувала шест лица на возраст од 12 години на чии родители им се издадени платни налози за наплата на глоба за сторен прекршок.
Во Скопје, пак, тепачката се случила попладнето во 16 часот во дворот на ДСУ „Михајло Пупин“, во која двајца ученици М.М. (17) и К.А. (16) физички го нападнале соученикот Ф.А. (15).
По преземени мерки случајот е расчистен, а на напаѓачите им се издадени платни налози за наплата на глоба за сторен прекршок.