Натпревар за социјални претпријатија со ученици од средните училишта од Македонија ќе се одржи денеска во Скопје во организација на „Економско образование на млади менаџери– Junior Achievement Македонија“.
Учениците ќе ги презентираат своите идејни решенија пред стручно жири во Медицинското училиште „Д-р Панче Караѓозов“ во Скопје.
Натпреварот е дел од проектот Junior Achievement “Социјално претпријатие” на кој оваа година ќе учествуваат 80 млади претприемачи кои ќе се натпреваруваат за титулата најдобрo социјалнo претпријатие.
Целта на проектот е поттикнување на младите да размислуваат за водење бизнис како одговорен корпоративен член на општеството.
Учениците требаa да замислат дека се сопственици на компанија која сака да постигне некои промени во општеството и да делуваат во интерес на мнозинството, подобрување на општеството и животната средина. Треба да подготват проект со кој ќе дадат решенија за општествени и еколошки предизвици. Учениците кои ќе го освојат првото место ќе учествуваат на Европскиот натпревар на социјално одговорни компании кој ќе се одржи следниот месец.