Учебници адаптирани според програмите од Кембриџ догодина во средно образование

Од:

Од 2017/2018 година учебници по математика и природни науки (физика, хемија и биологија) адаптирани според наставните програми од Кембриџ ќе имаат и учениците во прва година средно образование. Реформата, која пред три години почна во основните училишта, од идната учебна година ќе продолжи и во гимназиите и во средните стручни училишта. Етапно ќе ги опфати сите години во средно, со што реформата ќе биде заокружена за двете образовни нивоа – основно и средно.

Договорот за продолжување на реформата во средното образование денеска во Скопје го потпишаа генералниот директор на Меѓународниот центар за наставни програми од Кембриџ Мајкл О’Саливан и директорката на Бирото за развој на образованието (БРО) Весна Хорватовиќ, во присуство на министерот и заменик-министерот за образование и наука, Пиштар Лутфиу и Спиро Ристовски.

О’Саливан истакна дека се работи за крупна реформа која има влијание врз секое дете и секое семејство и генерално влијание врз целото општество.

– Она што сакаме да го постигнеме е да го подобриме знаењето на учениците по математика и по останатите природни науки и тоа е важно за нивната иднина. Потребно е многу време за успешно да се заврши, потребен е голем труд од страна на многу луѓе. Центарот од Кембриџ работи во многу земји, но она што овде го постигнавме во изминатите три години е доста импресивно. Напредокот е доказ за трудот што беше вложен од професорите и од институциите, рече О’Саливан.  

Директорката на БРО Хорватовиќ истакна дека е горда што се пристапува кон реформа на предметите по математика и природните науки во средното образование како природен процес на заокружување на промените на наставните програми. Очекува и во иднина добра соработка со Меѓународниот центар за наставни програми од Кембриџ и дека заедно и посветено ќе ги исполнат сите активности предвидени со роковите. 

– Ќе создадеме подобри услови за работа на наставниците – поквалитетни програми и учебници, примена на посовремени методи, а тоа ќе вроди со подобри резултати кај нашите ученици. Искрено веруваме во овие наши заложби, истакна директорката на Бирото за развој на образованието, кое за примена на наставните програми во средно ќе ги обучува и наставниците кои ги предаваат предметите што се приспособуваат на програмите од Кембриџ. 

Министерот Лутфиу рече дека се работи за соработка со врвна светска институција со која изминатите години со многу труд и посветеност, како што рече, успеале да создадат модерен и конкурентен образовен систем на основно образование.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза