Убиство во Вруток, пронајдено тело на жена со убодни рани

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар изврши увид на лице место во семејна куќа во селото Вруток, каде вчера беше пронајдено безживотно тело на жена со повеќе убодни рани од нож информираат од Основното јавно обвинителство.

Станува збор за жена по потекло од Република Албанија, родена 1967 година, која била мажена и живеела во Вруток. Според првичните сознанија, смртта на жената настапила околу 24-48 часа пред нејзиното пронаоѓање.

Јавниот обвинител издаде повеќе наредби за прибирање и вештачење на трагите пронајдени на лице место, како и за обдукција на починатата. Смртта е насилна и се трага по сторителот.​​

Би можело да ве интересира

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

До смрт ја претепа двoмесечната ќерка – осуден е на 58 години затвор

А1он

Ќе лежи 22 години во затвор за убиство на сопругата – полицијата го пушти на слобода кога и се закануваше

А1он

На бегалката Ива Михаилова ќе и се суди во отсуство

Обвинителите бараат итна одлука од Уставниот суд за намалените плати

Катерина Ѓуровски