Убиство во крушевското село Свето Митрани

Од:

Денеска околу 8,25 во с.Свето Митрани-Крушево случено е убиство на 44 годишен жител на селото. Телото на убиениот е пронајдено во продавница со две прострелни рани во пределот на градниот кош. Настанот е пријавен во МВР ПС Крушево, за истиот е известен дежурниот јавен обвинител кој изврши увид на местото на настанот заедно со увидна екипа од МВР ПС Прилеп. Осомничено лице е задржано и лишено од слобода.

Основното јавно обвинителство – Прилеп во насока на расветлување на настанот издаде наредби за обезбедување и подигање на траги од местото на настанот, фотографирање, земање на парафинска ракавица од рацете на починатиот и осомниченото лице, како и за вршење на лекарски преглед на осомниченото лице. Издадена е и наредба за балистичко вештачење на пронајденото оружје, како и на трите чаури пронајдени и подигнати од местото на настанот. Издадена е и наредба за обдукција врз телото на починатиот за утврдување на причините за смртта.​

Би можело да ве интересира

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

До смрт ја претепа двoмесечната ќерка – осуден е на 58 години затвор

А1он

Ќе лежи 22 години во затвор за убиство на сопругата – полицијата го пушти на слобода кога и се закануваше

А1он

Две лица од Турција осомничени за обид за убиство во Скопје, се трага по третиот осомничен

Тројца мажи во Мексико осудени на по 158 години затвор за убиството на тројца сурфери

Хорор во Србија: Ја мачел, ја исекол мајка си и деловите од телото ги ставил во замрзнувач

А1он