Учесниците во престрелката во Охрид и претходно имале расправии

Од:

Жителите на Охрид денеска се потресени и со неверување зборуваат за синоќешното двојно убиство. Пред угостителскиот објект „Император“ денеска е мирно, а соседите жалат за убиените. Еден од убиените е Васил Ристески (56) од Охрид, сопственик на ресторанот „Император“.

Тој беше претседател на Демохристијанската партија во Охрид, а два пати беше кандидиран за градоначалник на Охрид. Другиот убиен во синоќешната вооружена престрелка е Ромео Ѓ. (38) од селото Лескоец, кој седел заедно со Васил во моментот на инцидентот.

Едниот е газдата на кафаната, а другиот е младо момче, син на мој пријател. Потресени сме, ова е ужас – велат жителите кој бараат поригорозни казни за ваквите дела кои станаа секојдневие во Република Македонија.

Синоќа, лишен од слобода е Ристе С. (30), еден од учесниците во вооружената престрелка, кој неофицијално го придружувал извршителот на делото.

vasil risteski
Васил Ристески

Убиениот сопственик на ресторанот и учесниците во престрелката и претходно имале расправии. Неофицијално, пред околу еден месец и во Бугарија се случил поголем инцидент во кој учествувале истите лица од синоќешната престрелка, а причината била финансиски долг.

Полицијата се уште трага по извршителот на двојното убиство кој е во бегство. Ова е второ двојно убиство за многу краток период во овој регион. Пред десетина дена, слично вакво убиство се случи и во Вевчани.

Поради вчерашниот немил настан, утре нема да се одржи манифестацијата „Охридска софра“.

Би можело да ве интересира

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица