Двојно убиство и самоубиство во скопската населба Кисела Вода. Вечерва околу 19 часот во својот дом на улицата „Георги Димитров“ во Кисела Вода, убиена е Виолета Н.
Втората жртва е пронајдена во автомобил „Опел астра“ на паркинг во близина. Засега идентитетот на втората девојка останува непознат.
Автомобилот „Опел астра“ е сопственост на вереникот на Виолета Н. и се претпоставува дека е тој извршител на двете убиства. Станува збор за 35-годишниот Кирил Ристевски, кој пукал со пиштол за кој имал дозвола.
Неговото тело е пронајдено недалеку од автомобилот, кај училиштето „Круме Кепески“ и според првичните проценки тој се самоубил.
Полицијата е излезена на терен и го испитува случајот. Трите тела се однесени на обдукција.