Убиена жена во кочанското село Бели, осомничен синот

Од:

Истражните полициски служби од Одделението за внатрешни работи од Кочани работат на расчистување на случај со почината 74-годишна жена, а за што постојат сомневања дека е последица на семејно насилство.

Неподвижното тело на жената го нашла роднина која живее во близина на семејниот дом на починатата, по што ја известила полицијата.

– На 23. ноември, околу 09:30 часот било пријавено дека во својот дом во селото Бели, во кој живеела со 53 годишниот син М.Р., била пронајдена почината В.Р. Подоцна, при преглед на телото на починатата, лекар од Итна медицинска помош од Кочани забележал траги на насилство. Во координација со јавен обвинител телото било дадено на обдукција, стои во известувањето од Полицијата.

Синот на почината бил лишен од слобода, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

До смрт ја претепа двoмесечната ќерка – осуден е на 58 години затвор

А1он

Малолетник од Боговиње ранет во стомакот, наводно од случајно испукан куршум

Катерина Ѓуровски

Млад делчевец нашол 114.000 денари и 2.000 евра, ги однел во полиција

Катерина Ѓуровски