Жител на кратовското село Којково со ловечка пушка во својата куќа застрелал двајца напаѓачи од кои едниот починал на самото место, а другиот е ранет.
Според првичните информации, двајцата разбојници синоќа насилно влегле во куќата и цела ноќ ги малтретирале сопственикот и неговата сопруга која била неподвижна. Сопругот, сепак, успеал да се ослободи, по што ја земал ловечката пушка и ги застрелал двајцата напаѓачи.
Полицијата потврди дека едно лице е починато. Во тек е увид, а деталите ќе бидат соопштени подоцна.