Убиецот на мајката дивеел во „Шутка“

Од:

Димитар Спасов, кој ја искасапи својата мајка, дивеел во истражниот затвор „Шутка“.

Во еден момент скокнал од креветот и ги претепал цимерите.

Кога влегле чуварите во ќелијата Димитар се нафрлил и врз нив со тупаници но брзо бил совладан.

Димитар е префрлен во одделот за психијатрија во атестантското одделение.

Спасов до смрт ја избоде својата педесет и седум годишна мајка Нада. Мотивот за убиството според него е дека неговата мајка менувала многу мажи. Нада Спасова работела како хигиеничарка, а неговиот татко кој работел како заболекар бил починат пред неколку години.

На неговиот фејсбук профил пред убиството напиша дека ја убил мајка му, а како причина тој наведува дека таа одела со други мажи, па сакал да ја спаси. Тој уште по убиството напишал синоќа дека „ја завршил работата“ а другарите кои го приметиле тоа пријавиле во полиција.

Убиецот рано изутрина беше откриен како се обидува да го фрли телото во контејнер, по што полицијата го уапси. Нада Спасова беше целата со убоди во вратот, стомакот и градите, а крвта од убиството по целиот стан и зградата каде што живееле во Неготино.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски