Уапсени тројца млади разбојници, ги препознала жртвата од Велес

Од:

Полицајци од единицата за внатрешни работи Гази Баба денеска ги привеле А.Ц. (20) и К.Ј. (19), жители на скопско село и Е.Л. (20) од велешко, поради основано сомнение дека минатиот месец извршиле разбојништво над човек од Велес.

Според полициското соопштение, на 10 септември околу 13.30 часот, тројцата во селото Петровец извршиле разбојништво над Д.М. од Велес.

Тие се приведени во полициската станица Гази Баба, каде по наредба на јавен обвинител е извршено препознавање, при што жртвата на разбојништвото, за кое МВР не открива повеќе детали, ги препознала напаѓачите.

Против тројцата осомничени млади разбојници ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари