Уапсени малолетници кои краделе низ Штип

Од:

17-годишник од Скопје и 15-годишник од Штип се приведени бидејќи полицијата ги сомничи за четири кражби во Штип. Според МВР краделе низ продавници и во трговскиот во Штип, една од кражбите била во угостителски објект.

По преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица Штип и Отсекот за општ криминал при СВР Штип приведоа двајца 17-годишници и еден 15-годишник од Скопје и од Штип. Тие се сомничат дека сториле четири кривични дела „кражба“, од кои три извршени на 08, 09 и 10.04.2023 од продажни објекти во трговски центар во Штип, од каде биле одземени пари, облека и спортска опрема, додека четвртото кривично дело „кражба“ го извршиле на 29.12.2022 од угостителски објект во Штип од каде одзеле пари.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар