ВИДЕО: Уапсена скопјанка која носела маска со партиско обележје и го нарушила јавниот ред и мир на гласачко место

Од:

Околу 13,15 часот на гласачко место бр.„2695“ во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ претседателот на избирачкиот одбор побарал интервенција, бидејќи лице влегло на гласање со маска на лицето на која имало партиски симбол и не сакало да ја смени, соопшти МВР.

Според МВР, при доаѓање на полициски службеници лицето веднаш ја сменило маската и му било овозможено да гласа, а од страна на полициските службеници е утврдено дека се работи за Е.Т.(37) од Скопје.

Лицето потоа почнало на висок тон да се расправа со полициските службеници по што и била дадена наредба да престане и излезе надвор од училиштето за да не го нарушува јавниот ред и мир за време на гласањето, при што таа одбила и продолжила да го нарушува јавниот ред и мир.

Лицето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесен записник за констатиран прекршок по чл.4„ Нарушен јавен ред и мир со карање, викање, дрско и непристојно однесување“ и чл.14„ Нарушување на јавен ред и мир со непочитување на наредба од униформиран полициски службеник“ од ЗППЈРМ, соопшти МВР.

МВР регистрира и други инциденти и настани поврзани со гласањето од 12 до 14 часот:

По барање на претседателот на избирачкиот одбор на избирачко место бр.0537 во ОУ „Саит Најдени“ во Дебар ул.„Едвард Кардељ“ во 12,55 час побарана е интервенција на полициски службеници поради тоа што А. Д. ( 30) од Дебар со својот мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче. Во 13,15 часот истиот е приведен во ОВР-Дебар.

Во 13,10 на гласачко место 0755 во село Осој, општина Кичево заменик претседателот на избирачкиот одбор пријавил дека во просторијата за гласање, Г.М. додека гласал го фотографирал гласачкото ливче, а по барање на членовите на избирачкиот одбор лицето ги избришало фотографиите. Констатиран е прекршок по член 190 ст 2 од Изборниот Законик. Се преземаат мерки за документирање на настанот од страна на ПС од ОВР Кичево.

Во 12:40 часот од страна на претседателот на ИО на гласачко место бр.2909 во ОУ Живко Брајковски во Скопје дека непознато лице наводно сликало гласачко ливче. Од страна на полициски службеници лицето е лишено од слобода и утврдено е дека се работи за Е.Е. (29) од Скопје. Против лицетео ќе биде поднесен соодветен поднесок

10,45 часот, М.И. пријавил нарушување најавен ред и мир во Прилеп во дворот на ОУ “Кире Гаврилоски“, каде Џ. П. од Прилеп физички го нападнал Г.Д. од Прилеп. Интервенирано е од полициски службеници од НККР Прилеп, а при прегледот кај лицето Џ.П пронајден и одземен бил пиштол марка “ЦЗ“. Се работи на расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он

СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

А1он